Во Битола утрово -6, а во текот на денот до 11 степени

Утрово со -6 степени беше во Битола, -5 Берово, -4 Маврово, -3 Скопје-Петровец, Кр.Паланка, -2 Претор, Прилеп, Тетово, Струмица, Куманово, -1 Охрид, Скопје-З.Рид, Штип, Дебар, Попова Шапка, 0 Д.Капија, Крушево, 1 Виница, 3 Гевгелија, 4 Дојран.

Во текот на ноќта и утрово во поголем дел од земјава претежно ведро, по одделни котлини утрово има појава на слаба магла, а поизразена е во југоисточните делови каде има и ниска облачност. Во пониските места беше претежно тивко, а на повисоките дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец.

Времето денеска претпладне по котлините ќе има појава на слаба магла, а на места и ниска облачност. Преку денот ќе биде претежно сончево со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне од 9 до 17 степени. Во Битола до 11 степени.

Утре сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Во утринските часови по одделни колтини ќе има услови за појава на слаба магла. Во Битола дневната температура до 14 степени.

Сподели