Во Битола 57,5% вакцинирани со прва доза

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 784.244 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.820 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 7.207 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.505.469 дози вакцини, а ревакцинирани се 721.156 граѓани. Трета доза вакцина вчера примиле 69 граѓани.

Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 32% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава. Заклучно со 26ти септември, со една доза на вакцина против Ковид 19 вакцинирани се 46,9% од населението над 18 годишна возраст. Кај лицата над 40 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 55%, кај лицата помеѓу 18-39 години опфатот со една доза на вакцина изнесува 31%.

Според последните податоци, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во градовите Охрид(63,9%), Кавадарци(64,3%), Гевгелија(61,4%) и Неготино(65,1%). Помеѓу 50-60% опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите Битола (57,5%), Д.Хисар, Ресен, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Валандово, Штип и Пробиштип. Помеѓу 40-50% опфат на вакицнинирани граѓани има во градовите Кичево, Св.Николе, Кочани, Делчево, К.Паланка, Струга, М.Брод, Скопје и Тетово. Помеѓу 30-40%, односно најмалку вакцинирани во моментов има во Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш.

 

Сподели