Во битолската населба Довлеџик останаа без струја и преку 40 часа

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

И денеска дел од Битола и околината беа се уште без струја. Проблемот настана во неделата кога голем снег ја зафати Битола и околината.

За ваквата состојба денеска се пожалија и жители од улицата Довлеџик во Битола, кои велат дека повеќе од 40 часа се без електрична енергија.

Велат дека освен што им е нарушено секојдневното нормално функционирање имале и штети заради тоа што повеќе од два дена се без струја, а храната која им е во замрзнувачите е на пат да се расипи.

Се обраќале во ЕВН, но  велат дека екипи не стигнале да ја средат ситуацијата. А се пожалија и до општината за состојбата во која се наоѓа нивната улица.


Денеска побаравме одговор од ЕВН Македонија за тоа каква е состојбата денеска  и каде се уште нема струја.

Портпаролот на компанијата Атанас Ковачевски рече вели дека поголемиот дел од дефектите се во регионот на Битола, претежно во планинскиот дел каде што прекините се предизвикани од кинење на проводниците од паднати дрва кои не можеле да ја издржат тежината на снежните наноси.

Движењето на екипите е отежнато од големите наноси од снег и непристапноста на теренот. Како се пробиваат до местата на дефектите така ги санираат и веднаш се става под напон трафостаниците од кои се снабдуваат со електрична енергија корисниците, вели Ковачевски.

Од ЕВН денеска и со неколку фотографии за тоа каква е фактичната состојба на терен, каде нивни екипи интервенираат.

Ковачевски го прашавме и за штетите кои ги имаат корисниците, но вели дека причината за настанатите штети не е ЕВН. И тие се соочиле со проблем не по нивна вина, туку дека паѓањето на дрвјата и нив им предизвика проблем со кинењето на проводниците.

Од неделниот снег најголеми штети се предизвикани во Битола и битолско.

Share.