Во Босна и Херцеговина ќе се влегува со лични карти

0
198

Македонските граѓани ќе влегуваат во Босна и Херцеговина само со лична карта, исто како и граѓаните на Босна и Херцеговина во Македонија, соопшти премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ.

„По досегашните договори за влез само со лични карти со Србија и Албанија, сега македонските граѓани ќе можат и во Босна и Херцеговина да влегуваат само со лични карти“, рече Заев.

Освен оваа спогодба, на средбата е потпишан и протокол за соработка во образованието.