Во Брисел средба Ципрас- Меркел, на дневен ред и името

0
208

Прашањето за името на Македонија ќе биде на дневниот ред на средбата на грчкиот премиер Алексис Ципрас со германската канцеларка Ангела Меркел што ќе се одржи денеска во Брисел во рамките на неформалниот состанок на 27-те земји членки на ЕУ, ја пренесува МИА информацијата на грчкиот весник „Зунгла“.

Прашањето за името било една од темите и на телефонскиот разговор Ципрас – Меркел, што се случи еден ден пред посетата на премиерот Заев на Берлин и средбата со германската канцеларка, потвдија од кабинетот на Ципрас.

Грчката телевизија Скај, повикувајќи се на свои извори, објави дека „Ципрас на Меркел и ја потенцирал потребата за конечно решение во спорот, со промена на уставното име на соседната земја“. Според истите извори, грчкиот премиер и германската канцеларка се договориле да се сретнат денеска во Брисел на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ.

slobodnaevropa.mk