Во Британија најголем дневен пораст на заболени и починати

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Бројот на починати од коронавирус во Велика Британија се зголеми од 87 на 422 , што е скок од 26 проценти на ден, соопшти Министерството за здравство на Велика Британија.

Бројот на потврдени случаи на инфекција се искачи од 6.650 на 8077, што е дневно зголемување за 21 процент по неколку дена во кои бројот на новозаболени се чинеше како да забавува.

Премиерот Борис Џонсон вчера им нареди на Британците да останат во нивните домови да престанат со ширењето на инфекција со коронавирус и да воведат невидени ограничувања на секојдневниот живот.

Сите, освен продавниците за итни случаи, мора да бидат затворени веднаш, а на граѓаните повеќе не им е дозволено да се сретнат со семејството или пријателите, рече Џонсон во телевизиското обраќање, предупредувајќи дека оние што не се придржуваат, ќе ризикуваат казни.

Share.