Во Два пати исто, но сепак различно со Цане Николовски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во оваа емисија наш и Ваш гостин е Цане Николовски. Тој веќе 15 години живее и работи во Шпанија.

Младоста ја помина во Битола, на почеток како рокер во групата „Мадригали“ чии хитови и денеска се пеат.

Во 1985 продолжува со групата „Гром “ а во 1989 година поминува во групата „Елита“  и се случува надалеку познатата песна „Жаклина“.

Првата касета беше „Написе една за мене “ од  Коалица.

Сега настапува самостојно, но и свири на флаута. Две цедеа се во подготовка, едното  со етно звуци, а другото со познати македонски евергрини.

Share.