Во денешната„Објави ме“ за кафето и паметните телефони

0
1061

Љупчо и Стефан се другари, а денеска во улога на репортери граѓани. Што прават младите кога одат на кафе? Разговараат, се дружат или пак секој со својот свет.

Се договорија да се чекаат пред Бар чаршија во старата битолска чаршија.

Едниот пристигна навреме, а другиот заради „обврската“ бавно чекореше кон договорената локакција.

Си го нарачаа утринското кафе. И додека го чекаа, едниот имаше „занимација“. Проверка што има на интернет.

Кафето пристигна, Љупчо малку го заслади и уживаше во утринското кафе.

Неговиот телефон беше мирен.

Дојде време и за селфи. Едниот го замоли другиот да направат за да постави слика на социјалните мрежи.

На Фејзбук и на Инстаграм веднаш ја постави и секако чекирање дека се во Бар чаршија.

Другиот и додека го пиеше кафето, не го испушти својот телефон од рака.

Откако се „изнамуабетија“ станаа и заминаа.

Така некако изгледа речиси секоја средба на младите луѓе. Но, ретки пак се случаите каде некој нема паметен телефон, па така по се изгледа на никој не му е досадно. Но има и една стара поговорка која вели дека раетот со пари не се купува.

За да проверат дали некој од нив греши, за стручно мислење побараа одговор од проф.д-р Златко Жоглев-социолог.

Во следното видео можете да ја погледнете цалата сторија.