Во експлозијата во Кабул 95 мртви и 158 повредени

0
132

Министерството за здравство соопшти дека стравува дека бројот на жртвите ќе расте.

Авганистанското Министерство за здравство го објави новиот биланс на жртви при што најмалку 95 лица загинаа, а 158 се повредени во денешниот напад во Кабул.

„Билансот сега изнесува 95 мртви и 158 повредени“, за Франс прес кажа Вахид Маџрох портпарол на министерството.

Возилото на итна помош експлодираше вчера во близина на седиштето на Министерството за внатрешни работи во главниот град на Авганистан.

Нивото за предупредување на напад е највисок, особено во дипломатскиот кварт на Кабул, каде се наоѓаат и седиштата на странските институции.

Талибанските бунтовници ја презедоа одговорноста за нападот.

мкд.мк