ТЕРА

REKLAMA???

ВО ЗАВРШНА ФАЗА Е ДОБИВАЊЕТО НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА ЗА ОТВОРАЊЕ НА ПРИФАТИЛИШТЕТО

Вчера градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски соопшти дека буџетот за 2024 година ќе биде околу 1 милијарда денари. Кажа дека Битола е град со специфична инфраструктура и старо градско јадро и граѓаните најчесто барале инфраструктурни проекти. На прашањето за тоа до каде е изградбата на прифатилиштето за бездомни животни и за планинарскиот дом Копанки рече:

„Во завршна фаза е добивањето на документацијата за отворање на прифатилиштето за бездомни кучиња, таму се е спремно и веруваме дека и тој проблем ќе почне да се решава, како што постепено се решава и проблемот со планинарскиот дом Копанки, рече градоначалникот  Коњановски.