Во запален автобус во Казахстан загинаа најмалку 52 лица

0
179

Во пожар кој избил во автобус во Казахстан загинале најмалку 52 лица, објавија тамошните власти. Од запалениот автобус успеале да се спасат петмина патници. Инцидентот се случил денеска изутрина по локално време во регионот Актобе во северозападниот дел на земјата.

Според информациите, на светските новински агенции во автобусот имало 55 патници и двајца возачи, а се верува дека во него патувале државјани на Узбекистан на линија долга 2.200 километри. Причината за пожарот и натаму не е позната.

makfax.com.mk