Во Исак Челеби џамијата се одржа Ноќта на Мираџ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Битолското муфтиство домаќин на централната манифестација за одбележување на ноќта на Мираџ.На свечената церемонија која се одржа во Исак Челеби џамијата во Битола, покрај големиот број на верници, присуствуваа и претставници од Исламската верска заедница. Во рамки на свеченоста беа читани делови од светата исламска книга Куранот и беа изведени илахии(духовни песни).

Ноќта или Кандилот Мираџ во исламскиот свет се прифаќа како „вознесение во небесата, односно воздигнување кон Аллах и прочистување“.На манифестацијата присутен беше и муфтијата од Гостивар, кој рече дека голема е честа да се присуствиува на оваа церемонија во Битола.

Инаку, Ноќта на мираџ се одбележува на 27. ноќ од месецот Реџеп според исламскиот календар, кој оваа година се одржа ноќа помеѓу 13 и 14 април според грегоријанскиот календар, а претставува ноќ кога се возвишил Мухамед, Божјиот пратеник на муслиманите.

Share.