Во Италија запленета албанска дрога вредна 10 милиони евра

0
297

Италијанската полиција жестоко удри по мафијашката организација Ндрангета, откако во акцијата „Стамер 2“ уапси 25 криминалци и заплени дрога чија вкупна вредност се проценува на околу десет милиони евра, пренесоа италијанските медиуми.

Од вкупно 25 уапсени, 11 завршија зад решетки, вклучувајќи ги и локалните шефови како Роко Ањело, Франческо „Докторот“ Фјаре, Џовани Франз, кои се обвинети за организирање шверцерски канал со кој марихуаната од Албанија била носена во Италија и понатаму кон Западна Европа.

Акцијата е почната за да се прекине дотекот на марихуана од Албанија. Уапсените мафијашки босови, според италијанската полиција, воспоставиле контакт со криминалци од Албанија, организирале производство на марихуана и, на крај, дрогата на разни начини ја префрлале во Италија.

Во акциите на италијанските власти во кои учествувале околу 150 луѓе, освен вкупно пет тони дрога, запленети се и два скутери, четири глисери и камион.

mkd.mk