Во карантин над 13 милиони граѓани на Австралија поради Делта сојот

Повеќе од 13 милиони Австралијци, односно околу половина од населението, се наоѓаат во блокада по најновите воведени рестриктивни мерки за сузбивање на ширењето на делта-сојот на коронавирус и мерките предизвикаа гнев кај населението, пренесува „Би-би-си“.

Државата Јужна Австралија, каде што живеат 1,7 милиони луѓе, вчера се приклучија кон државите Викторија и Нов Јужен Велс во врска со воведувањето на рестриктивни мерки.

Жителите на Јужна Австралија ќе мора да останат во своите домови седум дена, откако таму се заразени пет лица.
Револтот на жителите во Австралија полека расте поради стратегијата на затворање, а за двата најголеми града Сиднеј и Мелбурн, останува непознато кога ќе бидат повторно отворени.

Постојат стравувања дека затворањето на Сиднеј може да трае до септември, бидејќи моделите покажаа дека на градот можеби ќе му требаат месеци за да го достигне денот кога нема да биде забележан нов случај од коронавирус.

Сподели