Во Кравари ќе се отвори градинка

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

За скоро време во Кравари ќе се отвори градинка, а дополнително ќе бидат отворени и три занимални во рамките на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ од Битола. Ова го најави директорката на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ Лидија Тфирст Митревска,  која вели дека со тоа  ќе се реши проблемот со недостиг на места во градинките а и ќе се намали листата на чекање.

По повод Светскиот ден на здрава храна, , вработените и родителите на децата од градинките на ЈОУ Естреја Овадија Мара на плоштадот Магнолија организираа хуманитарна акција за продажба на домашно приготвена храна.Битолчани велат  ја покажале својат хуманост, секој по симболична цена можеше да купи дел од храната која што беше изложена на штандовите.

Собраните средства од хуманитарната акција ќе ги донираат за децата со ретки болести. Во рамки на ЈОУДГ  „Естрја Овадија Мара“ функционираат 8 градинки во кои се згрижени околу 850 деца.

Share.