Во МВР откриени 40 лица кои работеа со фалсификувани дипломи

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во Министерството за внатрешни работи биле откриени 40 вработени кои имале фалсификувани факултетски дипломи, откри министерот Оливер Спасовски во неговото гостување во емисијата „Клик-Плус“ на ТВ 21.

Овие лица, според Спасовски, стигнале и до значајна функција во МВР, но, по откривањето добиле отказни решенија и кривични пријави.

Кривични пријави, како што рече министерот за внатрешни работи, биле поднесени и до факултетите кои ги издале тие дипломи.

Share.