Во наредните денови со слаб снег

0
371

Облачно со врнежи, кои долж Повардарието ќе бидат од дожд, во останатите делови од дожд и снег, а на планините од снег. Попладне во западните делови ќе има пообилни врнежи кои ќе бидат претежно од снег и ќе предизвикаат позначително зголемување на снежната покривка. Во ноќните часови пообилни врнежи, во пониските делови од дожд, ќе има во југоисточните подрачја. Во местата со обилни врнежи ќе наврнат над 30л/м2. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови и засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура во интервал од 3 до 9 степени.

Утре и во четврток во крајните западни и јужни делови ќе има врнежи од снег кои ќе бидат со слаб, повремено умерен интензитет. Потоа времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во покачување.