Во НАТО сакаме за мир, не сакаме кавги со Москва

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во НАТО сакаме да станеме членка не затоа што сакаме некого да напаѓаме, туку затоа што заедно со НАТО земјите се грижиме за мирот и споделуваме заеднички вредности како владеење на правото и слобода на говорот, изјави денеска премиерот, Зоран Заев, одговарајќи на вчерашната изјава на рускиот амбасадор, Олег Шчербак, дека за Русија, Македонија ќе биде мета затоа што во доктрината на НАТО Русија е противник на алијансата.

„Остануваме на нашата длабока желба да ги унапредуваме односите со Русија. Овде живее доминантно население од православна вероисповест, како и Русија, не сакаме кавги, затоа сакам да испратам само позитивни зборови и зборови на пријателство до Москва“, рече Заев.

Премиерот изјави дека на вчерашната средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, зборувале за проширување на парламентарното мнозинство за да се обезбеди стабилност за реформите.

Заев уште еднаш упати апел до претседателот, Ѓорге Иванов, да го потпише указот на Законот за употреба на јазиците, за да заживее законот и да ги надмините предрасудите.

mkd.mk

Share.