Во Нови Сад започна годинашниот Exit

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во Нови Сад синоќа по 19-ти пат започна музичкиот фестивал Exit, под мотото „Exit Tribe“, каде организаторите оваа година очекуваат да го урнат рекордот на посетители и туристи.

Нивните очекувања се дека над 60.000 посетители ќе дојдат на годинашното издание од 90 земји од светот.

Дожд, гужви на влезовите и британскиот бенд “The cure“ го одбележаа првиот ден на фестивалот.

Exit кој ќе трае до 7 јули, го отворија рок гигантите „The cure“ кои се појавија на главната сцена во 20:30 часот со целовечерен концерт.

Публиката сите четири вечери ќе има можност да се забавува на повеќе од 40 фестивалски сцени и зони.

После традиционалното официјално отворање со голем огномет на полноќ, на главната сцена со свој настап продолжи белгискиот Dj  Lost Frequencies, кој приреди незаборавна вечер.

А честа да го затвори првиот ден на фестивалот ја имаше легендарниот Carl Cox, каде што  на неговиот настап имаше над 40 илјади посетители, кои останаа до самиот крај.  Со својот Дј сет започна во 6 часот наутро, а заврши во 8.

На денс арената оваа година ќе има голем број светски познати Диџеи, имајќи предвид дека на Exit оваа година доаѓаат дури 30 проценти повеќе странски туристи од претходната година. И поради таа причина зголемена и е понуда од страна на организаторот на фестивалот.

Интересно за нас е тоа што и оваа година голем број граѓаните од Македонија одлучија да бидат дел од фестивалот, а дојдоа со организиран превоз или со сопствени возила.

Во Нови Сад забалежавме и голем број битолчани, кои се редовни гости на овој фестивал секоја година.

Агим Џело, од Нови Сад за Тера телевизија

 

 

Share.