Во офицерскиот дом општината ќе организира Божиќен концерт

По повод големиот христијански празник Божиќ, Општина Битола организира Божиќен концерт.

Концертот на кој ќе настапат Машкиот хор „Свети Нектариј Битолски“ и Женскиот хор „Света Макрина“, ќе се одржи во недела на 09.01.2022 година, во Офицерскиот дом во Битола, со почеток од 19.00 часот.

Од општината велат, заради почитување на протоколите за заштита од КОВИД 19, заинтересираните граѓани ќе можат да набават бесплатни влезници во недела од 9.00 до 14.00 часот во Кино Манаки.

 

Сподели