Во очи на празникот Богојавление,Водици

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Јован проповедаше, велејќи: „По мене иде Посилниот од мене, на Кого не
сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата од обувките
Негови.Јас ве крстив со вода, а Он ќе ве крсти со Дух Свети.”

Православниот народ Водици го празнува во чест и слава на крштението
Господово, денот кога Светиот Јован Крстител со светата тајна на
крштението, го крстил Исус Христос во водите на реката Јордан. Светата
тајна на крштението значи духовно раѓање ,односно почеток на човековото
живеење во верата.
Во подамнешните времиња Богојавление бил празник на претхристијанскиот
бог-давател Дајбог ,кој ги исполнувал желбите на сите луѓе. Според
верувањата ноќта спроти празникот на полноќ во глува доба,небото се
отворало и сите желби и молитви на луѓето се исполнувале.

Во Битола овој празник има една и пол вековна традиција. Иако низ
вековите била под влијание на турската,српската и бугарската власт сепак
обичајот не се менувал.се менувала само локацијата, покрај црковните
базени оваа церемонија се извршувала и во реката Драгор која што
своевремено за битолчани потсетувала на библискиот Јордан.Прв пат во
Битола фрлање на крстот во вода и негово фаќање се случило во црквата
,Св Недела‘ во 1869 година. Овој храм бил изграден шест години пред тоа,
во 1863. По години традицијата за фрлање на крстот во Драгорот била
забранета поради тоа што Преспанско-Пелагониската епархија забележува
дека овој настан прераснува во спектакл,а дел од верниците забораваат на
суштината. „Причината е едноставна. Богојавление не значи само фрлање на
крстот. Празникот е поврзан со молитва и со служба во храмовите.

Веќе традицја во Битола е владиката крстот да го фрли во базенот во
црквата св. Великомаченик Димитриј. Во Битола и битолско, ритуалот на
осветување на водите се остварува во сите цркви , но , најмасновно
посетена е црквата св. Великомаченик Димитриј.

Веќе започнаа подготовките за овој свет настан,започнаа да се полнат базените во црквите а верниците го чекаат моментот на светото крштение и фрлањето на крстот. Од неофицијални извори се дознава дека во рамките на црквата на Св.Великомаченик Димитриј ке бидат над 20 лица кои ќе се потрудат да го најдат светиот крст,а очекуваат и поголем број верници на светата литургија.

Share.