Во Полска протести за поголеми плати во јавниот сектор

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во главниот град на Полска, Варшава  се одржа протест за зголемување на платите во јавниот сектор. Според полициски извори на собирот учествувале околу 26.000 луѓе.

Од синдикатот велат дека не можат да живеат од плата до плата… и дека нивните  семејства гладуваат.

Полска од почетокот на минатата година бележи постојан раст на бруто домашниот производ во висина од четири до пет проценти во секој квартал на годишно ниво. Но, економистите предупредуваат дека ќе расте притисокот за зголемување на платите, а исто така ќе се зголемува и недостигот од работна сила.

Share.