Последните проценки на светските статистички агенции за цената на храната зборуваат за намалување на светската инфлација којашто се забележува од пандемијата на Корона и продолжи со војната во Украина. Тоа според Агенцијата за храна и земјоделство на Организацијата на Обединети Нации значи дека цените на храната се намалуваат.
„Индексот на цените на Организацијата за храна и земјоделство, кој ги следи најглобално тргуваните прехранбени производи, во февруари изнесуваше во просек 117,3 поени, што е намалување од ревидираните 118,2 поени претходниот месец, објави агенцијата на ОН минатата недела.“
Стапката на инфлација пресметана врз основа на индексот за цените на храната во светот се намали – од 5,39% во декември 2023 година на 3,79% во јануари 2024 година.
Швајцарија сеуште е најскапа земја за храна, Норвешка за безалкохолни пијалоци, Исланд за алкохолни пијалоци и Ирска за тутун во групата земји на европскиот континент.
Македонија засега како да не ги следи глобалните трендови. Општ е впечатокот дека и покрај различните спроведени мерки, цените се задржаа на високо ниво. Крајот на мерките за гарантирани цени на основните производи генерира неизвесност кај граѓаните од пораст на цените и загрозување на нискиот стандард.
Не е фер цената на храната во Македонија да биде поскапа од земјите на ЕУ за повеќе од 30%, се огласи денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, а и во емисијата 360 степени. Анализите и информациите кои ги добива како вицепремиер зборуваат за благ порст на цените на основните производи.
Одредени прехранмеби производи не е големо зголемувањето, сед ржи под 10% и за одредени производи има зголемување до 10 денари, а кај нив зголемувањето е некаде до 8%. – вели Битиќи во емисијата.
Последната проценка на потрошувачката кошничка што се диксутираше во јавноста е онаа изработена од Сојузот на синдикати на Македонија која говори дека месечно просечно семејство му се потребни 57.163 денари, а кошнишката со храна и пијалаци чини 21.007 денари.
Што треба граѓаните со по 20.000 денари плата да кажат , каде само еден член од семејството работи или и тие со две плати од по 25 илјади денари, кога нивните плати не се доволни за потрошувачката кошничка – дебатираа политичарите од ВМРО-ДПМНЕ.
Се додека не започне примената на Законот за нефер практики, состојбата мора да остане ваква, а мерката мораше да биде укината – вели Битиќи. Таа мерка е спротивна на принципите на пазарната економија.
„Последниот месец инфлацијата беше три отсто и се враќа полека на нормалните стапки. Ако имаме совесно однесување на сите чинители во општеството и притоа рацете на политичките партии и политичарите бидат настрана од бизнисот, самите компании ќе се однесуваат етички и нема да го прават тоа што би сакале одредени политички кругови“ ја коментира актуелната економска состојба вицепремиерот за економски прашања.












