Во септември ќе се случи 25-то издание на Си-До

Во септемри ќе се случи 25 јубилејно издание на најпопуларниот детски фестивал Си-До. Фестивал од кој досега излегле многу популарни детски песни кои ги пеат и децата и возрасните. Тоа е фестивал кој е музички белег на Битола и која ја продолжува традицијата на музичка Битола и од кој излегле многу музички имиња.

Годинава 18 песни ќе слушнеме на сцената на Центарот за култура, од домашни изведувачи, а како секоја година така и оваа ќе има и деца гости со кои ќе се збогата целата музичка програма, а ќе продолжи размената на искуства и договарање соработки, притоа уште еднаш потврдувајќи ја максимата дека музиката не познава градници.

Пандемијата одложи неколку концерти и гостувања. И сега согласно мерките и протоколите за заштита ќе се организира ова издание.

Различни жанрови на песни ќе слушнеме во септември.

Подготовките се при крај, а наскро и телевизиските гледачи ќе имаат можност пред фестивалот да се запознаат со учесниците на 25-то издание на Си-До.

Сподели