Во Сирија само вчера загинаа најмалку 106 цивили

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Најмалку 106 цивили загинаа во вчерашните бомбардирања на сириските владини сили врз Источна Гута, која е под контрола на бунтовниците, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Со ова, вкупниот број на загинати во изминативе 48 часа достигна 250 лица. Тоа се најкрвавите две деноноќиа по хемискиот напад во областа во август 2013 година, во кој загинаа стотици луѓе.

Оваа енклава од 22 заедници е последниот опозициски регион во близина на главниот град и беше цел на жестоки бомбардирања од страна на сирискиот претседател Башар ал Асад. Во понеделникот, во воздушни напади и артилериско гранатирање загинаа околу 100 лица, меѓу кои и 20 деца, јави АП, цитирајќи ги статистиките од Сириската опсерваторија за човекови права и групата за цивилна одбрана позната како Бели шлемови. Денеска, според светските агенции, бројката е многу поголема.

 

Share.