Во следните три дена ќе има термини за пријавените над 40 години

Министерот за здравство Венко Филиче вели дека термини за вакцинација добија сите граѓани над 40 годишна возраст од Скопје кои до 30.04.2021 изразиле желба за вакцинирање преку веб страницата www.vakcinacija.mk.

Во текот на следните три дена и од останатите градови во земјава, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40 годишна возраст кои до крајот на април изразиле желба за вакцинирање на www.vakcinacija.mk.

Од вчера почна вакцинацијата и на пациентите кои се на дијализа, како и пациентите со трансплантација.

Имунизацијата во државата се одвива со засилено темпо, најлесен начин да се вакцинирате е со пријавување на www.vakcinacija.mk.

Сподели