Во снимките предадени во Обвинителството се слуша глас на јавен обвинител

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Обвинителката Вилма Русковска не знае каде е специјалната обвинителка Катица Јанева, која минатата недела поднесе неотповиклива оставка, а неколку часа подоцна беше отворена истрагата за случајот „Рекет“, во кои се осомничени Бојан Јовановски и Зоран Милески.

Русковска во интервју за емисијата „Код“ вели дека Јанева не била под ПИ мерки и оти таа лично не верува дека избегала од државава. Тука имала живот и семејство и не верува дека би го сторила тоа обвинителката, која еден ден по оставката, од 16 јули е официјално на боледување.

Двајца обвинители од СЈО стапиле во контакт со Русковска. Таа појасни дека тие прашувале дали треба да дојдат во Обвинителството да дадат исказ.

Телефонот на Јанева е конфискуван заради истрагата, но се појавија информации дека таа имала и друг телефон, а Русковска вели дека додека не се утврди каде е вториот телефон не може да шпекулира за тоа.

Рускоса изнесе на виделина дека на снимките предадени во обвинителството за организиран криминал потврдуваат дека во некои разговори меѓу рекетираниот и изнудувачот се слуша глас и на јавен обвинител.

 

Share.