Во Софија состанок на лидерите на Западен Балкан и ЕУ

0
246

Премиерот Зоран Заев во Софија ќе учествува на работниот состанок што го организираат претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер и бугарскиот премиер Бојко Борисов со шефовите на држави и влади од Западен Балкан.

Тема на состанокот се можностите за забрзување на процесот на интеграција на Западен Балкан во Унијата, и подобрување на меѓусебната поврзаност.

Претседателот на Европската комисија, Јункер при неговата балканска турнеја потенцира дека од суштинска важност е да се задржи европската перспектива на земјите од регионот.

Бугарија најави дека Западен Балкан ќе биде меѓу главните приоритети за време на нејзиното претседавање со ЕУ.

Во мај во Софија ќе се организира самит ЕУ- Западен Балкан.