Во текот на саботната ноќ две пораки станаа актуелни. Едната на градоначалникот Коњановски, а другата на советникот од СДСМ, Корлевски. И двете беа за пари за ракометниот клуб. А, бидејќи денеска имаше седница, двата предлози влегоа во советот.

Не се наддаваме, односно не се пазариме со сумите кои ги соопштивме, вели советникот Корлевски кој денеска на седницата на Советот во спортски фолкор ја предложи точката за како што вели, награда за сите категории, а не само за шампионската титула, туку и за кадетите, пионерите и младинците.
„Мојата изјава и она што го наведов и преку социјалните мрежи беше апсолутно наградување на целиот колектив. Тоа е награда за ракометниот клуб „Пелистер“ за сите категории, не само за шампионската титула, тука беа и кадетите и пионерите и младинците и тие освоија одличја и затоа не кокетирав со суми. Да, минатаат година беа 3 милиони денари и не беа случајно бидејќи во битолската платформа стоеше дека два месеци не се исплаќаат во јуни и во јули, бидејќи тоа не се напреварувачки месеци, затоа беа по милион и половина. Затоа рековме дека согласно ребалансот ние ќе имаме зголемување на оваа сума од 3,5 милиони денари во која што ние не се наддаваме, ние не се пазариме, туку треба да имаат финансиски средства за останатите“ вели совеникот од СДСМ, Борче Корлевски.

Бојкоски зборуваше за временската рамка кој кога дал предлог. Вели откако го видоа градоначалникот и тие побрзаа да се огласат.
„Ние предлогот кој што го даде градоначалникот ќе го поддржиме. Се разбира доколку има и друга иницијатива од страна на советниците на СДСМ ќе се разгледа. Меѓутоа беше несериозно кога градоначалникот објави мислам дека беше во 19:30 или 20:00 часот дека ќе даде дополнителна финансиска поддршка, во еден часот по полноќ да имаме излагање од советник дека тој ќе предложел некаква иницијатива за дополнителни финансиски средства. Такво натпреварување и политиканство не ни е потребно. Треба сите заеднички да се грижиме за се она што е добро за градот“ вели советникот од ВМРО ДПМНЕ , Бојан Бојкоски.

Корлевски вели дека Коњановски избрзал со изјава.
„Градоначалникот мислам дека избрза со изјавата и дека тој треба да работи на една основа за создавање на еден нов договор, нова платформа која што ќе продолжи во наредните четири-пет години, со подобри карактеристики или со подобро менаџирање, а не да дава предлог за награда. Награда ќе биди да продолжи битолската платформа“ вели Корлевски.
Бојкоски смета дека иницијативите понатаму треба да ги преземаат приватните инвеститори, а општината може да дава само минимална финаниска помош и да се грижи за спортката инфраструктура.
„Тие дополнитени финансиски средства кои што ги предлага градоначалникот беа предложени веднаш по завршувањето на натпреварот. Честитики до ракометарите, до навивачите кои што се цело време со нив од самиот почеток. И навистина треба сите заеднички да се грижиме за сите клубови во градот, меѓутоа и како што кажав јас понатаму иницијативата за сите наредни чекори треба да ја преземат приватните инвеститори, општината може само да дава минимална финансиска поддршка со цел да опстои споротот во градот. Бидејќи мора да знаат и граѓаните дека само за одржување на спортската сала, греее, ладење се трошат стотици илјади евра. Исто така и градскиот стадион. Сепак треба да се направи еден нов концепт за целиот спорт во градот, бидејќи улогата на општината е да се грижи за инфраструктурата и за подобро утре на сите граѓани, додека во спортот треба да се дава поддршка за клубовите да опстојат“ вели Бојкоски.
За Корлевски награда од општината ќе биде ако ја продолжат платформата, а Илиевски денеска го чекаше Коњановски и ја коментираше фотогрфијата на која и тој и секретарот Димитровски беа сликани со пехарот.
„Срамота е за двајцата. Да гласаат негативно да се случи битолската платформа, а денеска истите да се сликаат со пехарот и да даваат финансиски средства“ вели советникот Илиевски.

Бојкоски го дообјасни тоа од минатото време.
„Тоа што не дале поддршка за ракометната платформа во претходниот мандат кога биле советници, градоначаникот кажа да не дадовме поддршка и дека тоа беше грешна политичка проценка која што ја направи тогашното раководство на општинскиот комитет. И доблесно е да се каже дека кога нешто ќе се згреши да се признае и да се извините. А, СДСМ со нивините политики гледаме дека и кога грешат упорно кажуваат дека се во право. Затоа граѓаните ги препознаваат како несериозни и инаетчии“ рече Бојкоски.
Денеска пред советниците беа двата предлози и на Корлевски за 3,5 милиони денари и на Коњановски за 3 милиони денари.
На гласањето помина предлогот на Корлевски со двајца советнции кои се изземаа од гласањето и еден воздржан, а не помина предлогот на Коњановски.

Претседателката Илиевска на крајот рече дека процедурално сака да објасни дека гласале за двете точки како Поинаку, бидејќи што и да изгласале ќе се објавело тоа што сакал градоначалникот.












