ТЕРА

REKLAMA???

ВО СРБИЈА ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК НА КОЈ ПОВИКАА СТУДЕНТИТЕ

Во Србија денеска генерален штрајк или „општа граѓанска непослушност“, на кој граѓаните ги повикаа студентите што организираат блокада.

„Не одиме на работа, не одиме на предавања, не ги извршуваме секојдневните обврски. Ја земаме слободата во свои раце. Вашето учество прави разлика“, напишаа студентите на Инстаграм.

Генерален штрајк  прогласи и Републичкиот синдикат на културата, а претходно на истиот чекор презедоа адвокатите и наставниците. На штрајкот ќе се приклучат и вработени во културата, поединечни културни институции, библиотеки, претставници на невладиниот сектор, угостители, претприемачи, кина…

Поддршка на акцијата најавија бројни компании, здруженија и политички партии. Запирање на работата најавија и бројни издавачки куќи и книжарници. Бројни ресторани и претприемачи исто така споделија на социјалните мрежи дека се приклучуваат на генералниот штрајк.

Протестни колони студенти и средношколци низ улиците на Нов Белград, приведени пратеници кои го блокираа автопатот кај Нови Сад.

Две големи протестни колони студенти, граѓани и средношколци се сретнаа на Бранков мост околу 13 часот, а потоа заедно тргнаа на прошетка низ улиците на Нов Белград.

Непознато женско лице удрило студентка на улицата „Јуриј Гагарин“ во Нов Белград откако со своето возило влетала во насобраните граѓани.

Амбасадата на САД во Белград издаде безбедносно предупредување за своите граѓани, повикувајќи ги да избегнуваат гужви поради најавениот генерален штрајк во Србија.

Низ Србија изминатиот период се одржува акцијата „15 минути молк“ во чест на загинатите во уривањето на настрешницата на реконструираната железничка станица во Нови Сад на 1 ноември.

Студентите блокираат повеќе од 60 факултети и два универзитетски кампуси, барајќи и кривична и политичка одговорност за смртта на 15 лица при уривање на настрешница.