Во Србија уапсени 8 странци за шпионирање воени објекти

0
238

Во Србија биле уапсени осуммина странски државјани, меѓу кои двајца американци и двајца украинци под сомневање дека се обиделе да фотографираат и да влезат во воени објекти без да имаат дозвола. Како што јавуваат српските медиуми, тие со дрон го снимале седиштето на военото разузнавање во Белград. Соопштувајќи за овие апсења, српскиот министер за одбрана Александар Вулин изјави дека не би сакал да прејудицира со случајот, но додаде: „Не е случајно што толку многу странски граѓани се обидуваат да влезат во објекти контролирани од Армијата на Србија“.