ТЕРА

REKLAMA???

ВО ТЕК Е ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП

Како што веќе информиравме започна вакцинација против сезонски грип и во Битола

Од Центарот за јавно здравје Битола информираат дека во тек е вакцинацијата против сезонски грип. Бесплатната вакцинација е наменета за следните ризични групи:

Лица на возраст над 65 години

– Лица со хронични заболувања

– Здравствени работници

– Бремени жени

– Деца на возраст од 6 месеци до 5 години.

Сите заинтересирани претходно треба да бидат регистрирани на vakcinacija.mk и да го почитуваат терминот кој ќе го добијат во порака на мобилен телефон. Покрај бесплатни вакцини, за останати заинтересирани лица располагаме и со комерцијални вакцини кои чинат 800,00 ден.

Бесплатни вакцини- од понеделник до петок, од 7.30 до 19.00ч, соба бр. 9 и 10, на втор кат

Комерцијални вакцини – од понеделник до сабота од 7.30 до 13.30ч, соба бр.1, втор кат