Во тек е истрага за несреќата на македонскиот автобус

Во тек е истрага за тешката сообраќајка на автопатот Струма, изјави за новинарите премиерот Стефан Јанев кој е на местото на несреќата.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Јанев им изрази сочувство на семејствата на загинатите и ги повика истражителите да си ја завршат работата.

„Имаме огромна трагедија, немаме ништо добро да кажеме, трагедија која не потресе и бара државата брзо да реагира. Да ги оставиме истражните органи да си ја завршат работата“, рече Јанев.

Автобусот синоќа нешто по 21 часот влегол преку граничниот премин „Капетан Андреево“. Околу 3 часот се случила трагедијата на автопатот во правец Софија-Благоевград.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изрази благодарност за брзата реакција на бугарските здравствени власти.

Како што изјави Османи по посетата на болницата „Пирогов“ во Софија, сите седум хоспитализирани што ја преживеаја автобуската се навреме згрижени и стабилизирани. Се очекува по еден или два дена да бидат префрлени во Скопје.

Како што јавуваат медиумите, жртвите во страотната автобуска несреќа се изгорени до непрепознатливост според првичниот увид, и идентификацијата ќе се врши со ДНК анализа.

фото: btvnovinite.bg

 

 

Сподели