Од подрачното министерство за земјоделие во Битола ги информираат земјоделците дека во тек се поднесувањата на барања за директни плаќања во земјоделството.
Крајниот рок за поднесување на барања е 30 јуни 2023 година.
Се поднесуваат барања за:
– растително производство по обработлива земјоделска површина со поледелски и градинарски култури, за одржување на постоечки површини со овошни и лозови насади како и површина за производство на сертифициран семенски и саден материјал,
– сточарско производство за обележани грла говеда, овци и кози, за маторици, презимени пчелни семејства како и за заклани говеда во кланица,
– органско земјоделско производство.
Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата од страна на земјоделското стопанство, а доколку имаат потреба од помош можат да се обратат во подрачната единица на Битола.












