ТЕРА

REKLAMA???

ВО ТЕК Е РЕМОНТОТ НА БЛОК 1 ВО РЕК БИТОЛА

Во РЕК Битола во полн ек е ремонтот на Блок 1. Во активностите се вклучени вработени на комбинатот и стручни лица од домашни компании, информираат од РЕК Битола.

-Заради енергетската криза во државата и Европа, ремонтите на блоковите во РЕК Битола годинава ќе бидат изведени за помалку од 30тина дена, наместо вообичаените 45 и повеќе. Фокусот е ставен на највиталните делови од постројките кои после техничко-технолошкото освежување треба да обезбедат стабилност на производството.

Ремонтот на Блок 1 на РЕК Битола предвидено е да заврши до 15 октомври, по што ќе следуваат исти активности и на Блок 2. Во меѓувреме се очекува да пристигне трансформаторот за Блок 3, по што РЕК Битола би продолжил со работа со полн капацитет, се вели во информацијата од РЕК Битола.