Во тек е 26 конгрес на СДСМ

Во тек е 26 Конгрес на СДСМ кој се одржува онлајн заради заштита на здравјето на граѓаните, делегатите, медиумските работници. ОО СДСМ Битола со целосно почитување на мерките и препораките за зашитита од Ковид-19.
Демократски , одговорен, модерен , европски СДСМ прв во промените, велат од битолската СДСМ.
Во изминатите речиси четири години, #СДСМ носи државнички успеси. Тоа се историски успеси на нашата татковина, гордо исправена, слободна, економски силна и развојна, која чекори напред, по вистинскиот пат. Успесите се заеднички, наши и на граѓаните, на целиот народ, рече во своето обраќање претседателот на СДСМ Зоран Заев.
„Пред нас стоеја сериозни предизвици. Сите знаеме во какви услови ја добивме довербата од граѓаните да ја водиме државата. 11 години под режимот на ВМРО-ДПМНЕ оставија огромни последици. Но заедно со поддршката на социјалдемократите и со мнозинската волја на граѓаните – успеавме!
Во таков амбиент излеговме со јасен План за обезбедување нормален живот во Македонија. Со нов концепт: враќање на парите кај граѓаните, одење на патот кон интеграција, борба со режимските наследници, воспоставување на правна држава. Тоа граѓаните го препознаа и се приклучија!
На надворешен план, мораше да се решаваат прашања за кои никој не собрал храброст да ги решава речиси 30 години. Преку храброст, визија и одлучност го решивме спорот со Грција и денес тие се едни од нашите најсилни поддржувачи и сојузници.
На внатрешен план, од првиот ден кога почнавме да ја водиме Владата, бевме соочени со деструктивна опозиција, со истата режимска матрица која прави сѐ за да ги спречува реформите, да нема правда, да нема напредок, која блокира, кочи и го поткопува секој чекор кон подобро живеење.
Го реализиравме концептот „парите назад кај граѓаните“ ја зголемивме минималната плата од 9.000 и денес таа изнесува 15.200 денари. Просечната плата стигна до над 28.000 денари. Ги покачивме пензиите, ја зголемивме социјалната помош за 300%, го решивме проблемот со стечајците.
Заедно постигнавме историски успеси со зачувување на македонскиот идентитет и
територијален интегритет преку членството во НАТО и за етаблирање на нашата Северна Македонија на светската политичка сцена, со најмоќните сојузници во светот, како почитувана и мирољубива земја.
Се справуваме и со налетите на пандемијата. Преземавме навремени и брзи мерки и политики за да го зачуваме здравјето на граѓаните. Во тек е и масовната имунизација, има доволен број вакцини и процесот се одвива според утврдена динамика.
Со економските мерки успеавме да сочуваме повеќе од 100.000 работни места. Помогнавме по разни основи над 400.000 граѓани и над 35.000 компании.
Преку субвенционирањето на придонесите на фирмите, 200.000 работници ширум целата држава имаат зголемување на своите плати.
Здравството е еден од клучните ресори во секоја земја. Ќе продолжат инвестициите во здравствениот сектор, зголемувањето на платите на здравствените работници. Клучен чекор напред е постапката за изградбата на нов, модерен клинички центар во Скопје.
За една демократија да може да напредува потребна е правда. За една економија да биде стабилна и предвидлива потребна е правна сигурност. Затоа се посветивме на градење независна и ефикасна правна држава која испорачува владеење на правото, еднакво за сите. Нема веќе недопирливи.
Правда и правна држава, се дел од нашите успеси што заеднички ги постигнавме во овие четири години. И ова е уште една клучна разлика помеѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме за правда, ред и дисциплина, тие се за неправда и одбрана на криминал.
СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија не ги туркаше под тепих најтешките проблеми. Напротив, СДСМ се вложи во целост и го поведе народот кон решавање на повеќедецениските прашања кои ја загрозуваа иднината на земјата. Благодарен сум и оддавам почит и признание на сите што се вградија во овие важни државни процеси“ рече Заев.
Сподели