Во тек средбата на Заев и Ципрас во Софија

0
223

Во Софија започна средбата на премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан. На средбата ќе стане збор за спорните прашања во преговорите меѓу двете земји околу решението за спорот за името.

„Се надевам дека токму на Самитот на ЕУ и Западен Балкан и на средбата со грчкиот премиер, ќе можеме да ги потврдиме досегашните успеси и, ако не друго, да проговориме за начините за изнаоѓање на решение“, изјави деновиве премиерот Заев. Ова е втора тет-а-тет средба на двајцата лидери. На самитот се расправа за европската перспектива на земјите од регионот.