Во Франција штрајк на железничарите

0
99

Француските национални железници предупредија дека штрајкот на нивните вработени денеска и утре ќе предизвика големи проблеми во земјата, но и во Западна Европа. Според соопштението, само 15 насто од брзите возови и 25 насто од регионалните ќе бидат ставени во функција. Железничарите се незадоволни од владините планови за реконструкција на нациналната компанија. Многумина страхуваат дека тоа е прв чекор кон приватизација, нешто што владата го демантира.