Во Цирих приведени 127 провалници од Македонија, Србија, Косово, Грузија

0
353

Полицијата на швајцарскиот кантон Цирих во акција за борба против криминалот приведе 127 лица, вклучувајќи и лица од Македонија, Србија, Косово, Грузија, Франција, Колумбија, Монголија, Полска, Романија и Сирија.

Полицијата спроведе разни насочени контроли, а меѓу уапсените има и 24 осомничени провалници.

Акцијата траеше од октомври до крајот на февруари, кога беше зголемен бројот на патролите во кантонот, како и на контролите на возила, се вели во соопштението на швајцарската полиција.

Според соопштението на полицијата, врз основа на контролите се уапсени 24 осомничени за провала, 21 од нив му се предадени до надлежниот јавен обвинител, а 55 лица беа уапсени за кршење на законот за странци или наркотици, затоа што не било можно да се утврди нивниот идентитет.

Исто така, поднесени се 180 пријави и издадени се мноштво казни.

Деталните бројки сè уште не се познати, но како што вели полицијата, веќе може да се каже дека има намалување на бројот на кражбите во куќите и становите на граѓаните.

mkd.mk