Црна Гора прогласи тридневна жалост поради масакрот во Цетиње каде вчера беа убиени 11 лица, меѓу кои и напаѓачот.
Согласно одлуката која црногорската влада ја донесе синоќа, денови на жалост се сабота, недела и понеделник ( 13, 14 и 15 август).
Во населбата Медовина во Цетиње, 34-годишен маж отвори оган врз сограѓани и уби 10 лица меѓу кои и две деца, додека шестмина се ранети. Напаѓачот пукал и кон полицијата, а во пресметката бил убиен од сограѓанин.
На трагедијата и претходела семејна расправија.
Според извори на Телеграф, убиецот масакрот го извршил по расправија со семејство кое живеело кај него како потстанари, откако претходно настанала кавга за нерасчистени сметки и доцнење со исплаќањето на киријата.












