Во четврток или петок ќе се сретнат Заев и Ципрас

0
1114

Пратеникот Антонио Милошоски, на својот Фејсбук профил пишува дека средбата помеѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе се случи овој четврток или петок.

„Од дипломатски извори:
четврток или петок (оваа недела) ќе се случи средбата Ципрас – Заев во грчката Мала Преспа и потпишувањето на Договорот за смена на името Република Македонија.
Главен координатор на за овој настан и потпишувањето е Бојан Маричиќ, советник во кабинетот на премиерот“ напиша Милошоски.