Во јавниот сектор вработени околу 139 илјади лица

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во јавниот сектор на Македонија вкупно работат 139.009 лица во 1.304 институции, покажа Годишниот извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор за 2017 година, презентиран денеска од министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Вкрстената анализа на министерството на Манчевски, Агенцијата за вработување, Министерството за финансии и Фондот за здравствено осигурување покажува дека јавниот сектор на Република Македонија има 1.299 институции, во кои работен однос имаат засновано 128.722 лица. Во Акционерските друштва со 100% државна сопственост има 8.633 вработени, а преку Агенциите за привремени вработувања уште 30 лица.

Преку Агенциите за привремени вработувања во институциите на јавниот сектор, работно ангажирани се вкупно 1.624 лица и истите немаат статус на вработени во јавниот сектор и не влегуваат во анализите содржани во овој извештај.

Share.