Вработените од ЈП Пазари чистеа околу Новиот пазар

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Вработените од ЈП„Пазари“ –Битола, денеска на паркингот кај Новиот пазар се вклучија во еднодневна акција за чистење на отпадоци и остатоци од смет и земјоделски производи на земјените површини околу пазарот.

Иако просторот непосредно до паркингот е во приватна сопственост, сепак лошата слика е последица од работата на пазарџиите и купувачите, па сметаме дека состојбата може да поправи со расчистување и собирање на ѓубрето околу паркингот.

Иницијативата за акцијата доаѓа од новиот директор на ЈП „Пазари“, Владо Атанасовски, кој на оваа фукцијата е од почетокот на овој месец.

Со соодветни ракавици и алатки во акцијата се вклучија најголем дел од четириесеттината вработени во претпријатието, освен дел од наплатната служба која остана ангажирана во Градскиот зелен пазар.

Хигиената во двата градски пазари во Битола секојденевно се одржува , покрај собирањето на сметот, просторот каде се лоцирани контејнерите дополнително се дезинфицира со соодветни хемиски средства, соопштија од ЈП Пазари.

Share.