Вработен на универзитет уби четири лица

0
436

Четири лица се убиени во пукање што се случи на Универзитетот Османгази во северозападната турска провинција Ескишехир, пренесе агенцијата Анадолија.

Напаѓачот, кој е истражувач на Универзитетот ги уби заменик-деканот, секретарот на факултетот и двајца предавачи. Други три лица се повредени во нападот, според Си-ен-ен турк.

Како што пренесува Си-ен-ен, турската полиција го уапсила напаѓачот. Неговите мотиви се сѐ уште непознати.

Ректорот на универзитетот Хасан Гонен го опиша истражувачот како „проблематичен“ кој бил под истрага поради вербалните навреди на академскиот кадар поради сомневање на „психолошки проблеми“, изјави Гонен за Си-ен-ен Турк.

Според други известувања се вели дека напаѓачот ги вознемирил колегите тврдејќи дека тие биле членови на групата обвинета за неуспешниот државен удар во Турција од 2016 година.

mkd.mk