Врвно гастрономско уживање во ГТ лонџ бар

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

40 години тој е во угостителските води. Тој е човек кој во Битола носеше идеи и реализираше проекти кои изминатите децении им дадоа нов квалитет на битолското угостителство. За него работата и резултатите се едно.

Тој не сака да се наметнува, но успехот природно го прави препознатлив за јавноста .Тој е Гоце, сопственикот на угостителскиот битолски бренд ГТ кој во сите изминати 40 години на различни локации и со уникатни проекти ја создава битолската понова историја кога станува збор за градски приказни на места во кои се седи, пие кафе и ужива, онака кабадајски.

Започна со малечка кафетерија во старата чаршија, денес на Широк Сокак од две локации нуди услуга која го става на врвот кога станува збор за кафе културата, слатките задоволства, а од неодамна и во гастрономското ужување кое ги помести границите на просечност во Битола.

Дали знаевте дека комплетното мени во ГТ лонџ бар е осмислено од еден прочуен кувар? Ако не сте знаеле одговорот е да. Трајанос Филипу е познат и признат грчки кувар кој на покана на Гоце  дојде да даде врвна гастрономска вредност на ГТ.

-Случајно се сретнав со Гоце во мојот ресторан што го имам во Лерин, ми предложи една соработка, дојдов го видов просторот, доста е пријатен, ги имаше истите идеи како и јас за гастрономијата и кујната и на тој начин се сретнаа нашите мисли и помислив да му помогнам и да се позанимавам со неговата кујна, која е навистина добра-вели Трајанос.

Основа на менито е неговата свежина.

– Користиме свежи намирници, како што напомнав и претходно, кои сакаме да ги сервираме во порцијата на нашиот гостин, тоа е нашата основа, нашиот принцип. Се занимавам многу години со гастрономијата и моја лична желба е, во ресторани кои ги отворам, а сум створил доста досега, основата секогаш да е свежината, свежиот материјал кој треба да доаѓа во порцијата онака како што го посакува гостинот. Тешко ги бирам производите и тоа мислам дека им помага на рестораните со кои соработувам, да го имаат овој мој немир, да ги задоволуваат гостите, бидејќи е факт кој придонесува премногу во развојот на разните состојќи кои ги користиме-вели Филипу.

Неговата кариера ја создава и развива во различни ресторани ширум севтот.

– Започнав пред 35 години во Грција со гастрономијата, во 1990 година се преселив со семејството во Германија каде професионално почнав да се занимавам, ги студирав куварските науки, а откако завршив со куварската наука,  ја студирав науката на шеф, една титула која ја носам од 1995. Од тој момент натаму, материјалот, уметноста, љубовта за мојата работа, ми помогна премногу да стекнам меѓународни признанија, ја носам титулата на „Кувар на медитеранската здрава исхрана“, исто така имам признание од Грчката Организација за Туризам и највисокото скалило кое го имам постигнато е и воопшто највисокото куварско скалило, а тоа е „Златната лажица на Michelin“, кое се случи во 2002 година во Германија. Воопшто сметам дека наградите во гастрономијата доаѓаат со многу труд и работа, тоа го видов во ГТ, тоа го видов кај сопственикот Гоце и го направивме овој прекрасен простор и мислам дека изградивме една прекрасна кујна, која треба да дојдат сите и да ја пробаат.

 

Share.