Време е да гo избришеме Фејсбук?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Скандалот со „Кембриџ аналитика“ можеби е последниот аларм дека мора да се повлечеме од социјалната мрежа. Уште пострашно е што ова е само мал од приватните податоци што ги собираат технолошките компании.

„Во одредена смисла, одбраната на Фејсбук за приказната за „Кембриџ аналитика“ е за поголема осуда од самата приказна. Трејси Чоу, софтверската инженерка што била практикантка во Фејсбук и работела во повеќе големи компании од Силициумската долина, се согласува дека немало хакирање или упад во безбедноста на Фејсбук. Наместо тоа, таа објаснува дека „Фејсбук функционира токму на овој начин“. Бизнис-моделот на компанијата е да собира, споделува и искористува колку што е можно повеќе податоци на корисниците, и тоа без потпишана согласност. „Кембриџ аналитика“ можеби ги прекрши условите за користење на Фејсбук, но Фејсбук нема никаква заштита за да го спречи тоа.
Иако некои од извршните директори на Фејсбук беа зафатени со бранење на нивната чест на Твитер минатиот викенд, треба да се нагласи дека Закерберг молчеше до средината на неделата. Уште во понеделникот, акциите на Фејсбук паднаа за речиси седум отсто и компанијата изгуби 36 милијарди долари од вредноста. Сепак, Закерберг не изјави ништо. Ако сакате да градите сервис што ќе биде влијателен и на кој многумина ќе се потпираат, тогаш човек мора да биде зрел. Очигледно, молчењето беше начин на кој Закерберг сакаше да покаже зрелост“ пишува Гардијан.

Кога дознав колку Фејсбук знае за корисниците, решив да не ја користам повеќе таа мрежа. Иако одамна престанав активно да ги користам Фејсбук и неговите придружни апликации, како Месинџер и Инстаграм, неодамна решив да го избришам мојот профил. Пред да го направам тој чекор, ја симнав архивата од сите податоци што сум ги објавила на Фејсбук. Постои опција ова да го направите кога влегувате во „нагодувањата“ на Фејсбук. Многу е лесно и топло го препорачувам. Кога видов колку податоци сум дала низ годините, сфатив дека и компанијата располага со нив. Дури и тогаш не сакав го избришам мојот профил за да не ми затреба некој контакт или да не треба да проверам нешто. Но во понеделникот, откако видов дека Фејсбук одбива да преземе одговорност за приказната на „Кембриџ аналитика“, решив да ги избришам профилот затоа што бев згрозена.
Да бидам јасна, не велам и вие мора да го сторите истото тоа. На многу начини денес е привилегија да сте дистанцирани од Фејсбук.

Британското правосудство му дозволи на британскиот регулатор за заштита на лични податоци да изврши претрес во канцелариите на компанијата „Кембриџ аналитика“.

Компанијата е обвинета за злоупотреба на податоците на милиони корисници на Фејсбук без нивна согласност.

Одлуката ја донел Високиот суд во Лондон и со неа му овозможува на регулаторниот орган, задолжен за заштита на личните податоци, да ги „пребара серверите“ на компанијата и „да изврши проверка на податоците“.

Во серија интервјуа, Цукерберг се обиде да ја одбрани политиката за управување со корисничките податоци, кога компанијата во 2015-та година открила дека податоците на 50 милиони нејзини корисници биле споделени со „Кембриџ аналитика“ (Cambridge Analytica), консултантска служба којашто обезбедува совети за политичките кампањи, прекршувајќи ги правилата на Фејсбук.

Тој се извини и контроверзата ја нарече „големо кршење на довербата“.

Share.