Време е да се излечат раните од минатото

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Шефицата на дипломатијата на Европската Унија Федерика Могерини порача дека Западниот Балкан е географски дел од Европа, и дека колективно може да стане и дел од ЕУ.

„Време е да се излечат раните од минатото и да се преземат нови чекори за да се гарантира стабилноста во регионот и во цела Европа“, порача Могерини на својот личен блог.

Наведувајќи дека сите шест балкански партнери на ЕУ имаат единствена шанса, шефицата на европската дипломатија порача дека во следните месеци „партнерите имаат, како и ЕУ, единствена прилика да стават крај на поделбите во Европа и да го обединат нашиот континент“.

mkd.mk

Share.