ТЕРА

REKLAMA???

„ВРЕМЕ Е ЗА СВЕТСКИОТ ЗВУК, ДОМА“-14.ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ НА МУЗИКА ОД СВЕТОТ

Под слоганот „Време е за светскиот звук, дома!“ од 18-ти до 20-ти ноември, Центарот за култура – Битола ќе биде домаќин 14. издание на Фестивалот на музика од светот. На прес-конференцијата, директорката Маја Андоновска Илијевски зборуваше и за логото на фестивалот.

Селектор на програмата е Владимир Димовски. Во официјалната програма се три концерти. На 18-ти ноември ќе настапи познатата светска фадо пејачка Joana Amendoeira со нејзиниот бенд од Португалија. Во сабота (19.11) на програмата се „Фонтана“ & Камерниот оркестар на Битола со специјалните гости Даница Крстиќ – вокал, Р.Србија, Ангел Демирев – гитара, Р.Бугарија и Џамбо Агушев – труба,Македонија.

„Многу ми е драго што после извесно време, заедно со мојата матична група Фонтана имаме можност со голем концерт да се претставиме во нашиот град, пред нашата најдобра битолска публика. Голема чест за нас претставува тоа што овој концерт ќе биде во рамките на големиот Фестивал на музика од светот“, истакна Благојче Трајковски.

На последната фестивалска вечер ќе настапува Лилит со концертна промоција на „Лилит меѓу луѓето“. Фестивалот ќе има и Офф програма на која ќе настапат „Фолтин“ и Лутон и Шчепине Враголије. Фестивалот е поддржан од Министерство за култура и Општина Битола.