Врнежи од замрзнат дожд на Буково

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Сообраќајот на патниот правец Кавадарци – Дреново од 12:00 – 15:00 часот ќе биде во прекин за сите возила.

Од 07:20 часот, забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар е укината.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Врнежи од замрзнат дожд има на планинскиот премин Буково. Дожд врне на Стража, во Битола, Прилеп, Струга, Ресен, Железнец и Велес.

Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Стража е намалена до 100 метри.

Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Share.