Врховниот лидер на Иран нареди да се зголемат капацитетите за збогатување ураниум во земјата

0
70

„Техеран ќе нападне 10 пати посилно ако биде нападнат од непријатели“, рече ајатолахот Хаменеи.

Ирачкиот врховен лидер, ајатолахот Али Хаменеи, му нареди на атомското енергетско тело во земјата да се подготви за зголемување на капацитетот за збогатување ураниум.

Тензиите меѓу Иран и Западот се зголемија откако претседателот Доналд Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор од 2015 година на светските сили со Техеран, нарекувајќи го длабоко проблематичен.

Според договорот, Исламската Република ја ограничи својата спорна програма за нуклеарна енергија, а за возврат доби укинување на повеќето меѓународни санкции што ја кочеа нејзината економија.

Минатиот месец, во својот прв извештај од повлекувањето на САД од нуклеарниот договор во 2015 година, против кој е и Израел, нуклеарната агенција на ОН, Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), рече дека Иран и понатаму останува под максималното ниво на ураниум што договорот му го дозволува да го збогатува. Ајатолахот Али Хаменеи рече дека последнава наредба за збогатување сè уште ќе биде во рамките на условите на договорот.

mkd.mk